FM-PROTECT

Фано-Мак ДООЕЛ
Се што ви е потребно за заштита при работа

  • aleksandar@fmprotect.mk
  • +389 78 28 28 38

FM-PROTECT

Фано-Мак ДООЕЛ
Се што ви е потребно за заштита при работа

За нас

Фирмата ФМ Протект веке 3 години работи во областа на безбедност при работа, притоа нудејки исклучиво висококвалитетни, сертифицирани производи.

Нудиме шиена програма која се произведува во Македонија која се изработува исклучиво од увозно сертифицирани материјали, и сме ретките кој нудиме гаранција од 80 перења за нашите модели.

Располагаме со неколку наши специјално дизајнирани колекции, кој се развиени со нашето искуство при одговор на барањето на нашите коминтенти. Можеме, и стоиме на располагање и да изработиме модели на Ваше барање односно да дефинираме модели во зависност од потребите и барањата кој се појавуваат работејки во различни работни средини.

Со интерес на целосно задоволување на потребите на клиентите работиме и со повеќе светско докажани производители на различни производи кој се докажани во програмите кој ги произведуваат. Нудиме производи за заштита на тело, заштита на раце, заштита на нозе, заштита на глава, заштита од пад и др.

Можеме да се пофалиме дека сме меѓу ретките фирми кој имаат на располагање доволни количини разновиден асортиман на лагер за брза услуга на својте клиенти.

Иако сме млада компанија , ФМ Протект има големо богатство на знаење и експертиза во областа на заштита при работа . Ние го користиме ова искуство за да им обезбедиме на компаниите и на поединците квалитетни и иновативни производи на кои навистина може да сметаат. Покрај тоа, ние постојано инвестираме во знаење и едукација се со цел подобро препознавање и решавање на проблемите со кој се соочуваат нашите клиенти.

Бидете сигурни дека без оглед на тоа што Ви е потребно, може да се потпрете на нас за да го обезбедиме апсолутно најдоброто решение во Вашата дејност.

Во досегашната наша работа можеме да се пофалиме со ценето искуство со: ЕВН Македонија, Окта, Мермерен конбинат, Атлантик Траде, Дрога Колинска, Макпетрол, Костал, Делфи, Рио Кафе, Електро Унион, Електролаб, Вудмарк, Орбита Транс, Сара Фешн, Раде Кончар и многу др.

Ви стоиме на располагање за остварување средба за запознавање и разговор за сите технички барања кој Ви се потребни.

 

Со почит,

ФМ Протект

Top